| четврток, 6 декември 2018 |

Основен водич за ракување со машкиот полов орган

Постојат многу начини за мажот да се возбуди, но вашите раце се еден од најдобрите алатки, посебно ако знаете добро да ги искористите. Добро изведениот рачен секс знае да биде и подобар од самиот секс.

Нокти и раце. Интимана на мажите деликатно и нежно место каде долгите нокти не се добродојдени, бидејќи само со еден погрешен потег може да дојде до навидум мала, но преболна повреда. Рацете да бидат меки и влажни и се разбира топли, никој не сака леден шок во препоните.

Ритам. Добриот рачен секс е како добра музика, кога ќе го пронајдете соодветниот ритам, ќе создадете ремек-дело. Почнете со бавен ритам, па забрзајте, потоа повторно малку забавете. Менувањето на ритмот го продолжува задоволството.

Притисок. Не се плашете како да имате снегулка во рака, но ниту стискајте премногу. Пронајдете ја златната средина, стискајте доволно за да го возбудите.

Агол. Вашата рака не мора да има само едно движење горе-долу. Испропајте и повеќе вртење на зглобовите согласно со ритамот.

Влажност. Ако му треба повеќе време за навлажнување, користете лубрикант. Сувиот рачен секс е можеби добар во почетокот, но ако сакате да продолжите, треба добро подмачкување.

Слушајте го. Тој не мора да зборува, но неговите извициќе ви покажат во што ужива повеќе, а што му пречи.

Извор: Cosmopolitan

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top