Непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање на мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга, информира СВР Охрид.
Кражбата била извршена завчера со кршење на стаклото од влезната врата, а сторителот одзел мобилни телефони и лап-топ компјутер.
– Тој бесправно одзел околу сто мобилни телефони од различни марки донесени на поправка како и нови два мобилни телефони марка „Ајфон-5-С“, три мобилни телефони марка „Ајфон-4-С“, еден мобилен телефон марка „ЛГ-Ф-50“, еден мобилен телефон марка „Сони Ериксон-СТ-26“ и еден лап-топ марка „Ацер“, информира портпаролот на полицијата Стефан Димоски.
На самото место извршен е увид а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.