| четврток, 6 декември 2018 |

Прошетка низ музејот на Титаник (фото)

2(1113)

Музејот на Титаник во Бренсон, Мисури, е двокатна зграда, оформена како самиот Титаник. Внатрешноста му е  копија на предната половина на бродот, укотвен е во мал базен со вода, за да се создаде илузија на Титаник во морето.

Во музејот се влегува низ отвор во ледениот брег, кој го заклештил бродот.

3(1059)

Посетителите можат да ги видат големите скалила на бродот, дел од локалите, како и кабини од прва и трета класа.

6(731)

Во витрини во 20 одделни сали се поставени околу 400 артефакти од остатоците на Титаник.

11(283)

Освен тоа музејот нуди различни интерактивни изложби, како и прошетка низ капетанската кабина, собата со телеграфот, каде можете да испратите СОС порака, и многу актери облечени како екипажот.

9(486)

Кога влегувате во музејот, ќе ви биде издаден билет со името на еден од неговите најпознати патници. Па до крајот на прошетката нема да знаете дали сте од преживеаните. Водичот ќе ве однесе до меморијалниот ѕид, на кој ќе си го побарате името од билетот. На него се испишани сите 2208 патници и нивните приказни.

8(536)

Низ целиот брод талкаат преоблечени актери во офицерски униформи, слугинки и се разбира, капетанот. Аудио записи ја создаваат атмосферата на Титаник преку скриени звучници.Во салата посветена на потонувањето, ќе можете да пробате да се искачите по стрмни искривени палуби, кои биле предизвик за патниците за време на бродоломот.

12(238)

Освен тоа ќе можете да седнете во чамецот за спасување, како и да ја натопите раката во водата која е со истата температура на која потонал Титаник. И на крајот, од продавницата за подароци можете да купите сувенири и секакви предмети поврзани со бродот.

7(646)

Музејот на Титаник во Бренсон е еден од двата тематски музеи, сопственост на Џон Џослин, кој беше на чело на експедицијата во 1987 година, која ги открила потонатите остатоци на Титаник. Другиот се наоѓа во околината на Тенеси, и е сличен на оној во Бренсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top