ЛДП потврдува дека пред седиштето на партијата во центарот,вчера, околу 12 часот имало инцидент помеѓу тројца нивни членови. Од партијата за медиумите контролирани од опозицијата, а финансирани од СОРОС изјавиле дека жалат за инцидентот и тој и нанесува штета на угледот токму сега кога, како што велат, новото раководство ја консолидира партијата.
– Не очекував дека овој инцидент помеѓу тројцата мои сопартијци ќе се предимензионира и жалам што тоа се случило – вели за опозициските портали претседателот на ЛДП, Горан Милески.
Инцидентот се случил вчера, околу 12 часот, кога генералниот секретар на ЛДП, Дуфе Куковски, прво вербално, а после и физички ги нападнал сопартијците Бобан Јанковски, доскорешен претседател на младите либерал демократи и Кире Секулоски, двајцата вработени во општина Центар.
Куковски им задал по неколку удари и заминал, а тие инцидентот го пријавиле во МВР.
Извори од партијата за Либертас посочиле дека генералниот секретар Куковски двајцата ги сметал за свои деца, но според него, ја поддржувале струјата на екс лидерот Жерновски, и затоа им бил лут. Тоа било причината што вербално и физички ги нападнал. Од ЛДП најавуваат и соопштение откако ќе ги утврдат деталите за инцидентот.
Сепак, Генералниот секретар на ЛДП, Дуфе Кукоски веќе испрати соопштение, од лично име но преку центарот за комуникации на партијата.
– Јас, Дуфе Кукоски, во својство на генерален секретар на ЛДП, тврдам дека немало физички напад и не станува збор за никакви внатрешни табори и поделби, напротив – се работи за едно обично меѓусебно недоразбирање помеѓу мене, како генерален секретар на ЛДП и доскорешниот претседател на младината на ЛДП во контекст на раздолжување на партиски имот (партиско патничко возило и скутер).“ – стои во изјавата на Кукоски испратена до медиумите попладнево.
Информациите кои ги објавуваат медиумите финансирани од СОРОС и контролирани до СДСМ само ги потврдуваат се погласните шпекулации дека односите на релација СДСМ – ново раководство на ЛДП не одат мазно. Медиумите веќе објавија дека новото раководство на ЛДП не е задоволно од третманот кој го има во опозициската коалиција, а една од работите кои му се ставаа на Жерновски како замерка е токму таквата позиција во која ја ставил својата партија како претседател.
Некои медиуми веќе објавија дека главна причина за инцидентот била распределбата на партиските вработувања а камен на сопнување била информацијата дека Жерновски вработува луѓе блиски до СДСМ за сметка на оние кои работеле за ЛДП на изборите и на кои има било ветено работно место.
Оваа пресметка помеѓу две струи во партијата значи и несогласување помеѓу старото и новото раководство за досегашните политики. Дали може да очекуваме излез на ЛДП од коалицијата со СДСМ?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст