| четврток, 6 декември 2018 |

Облаци, но и сончеви периоди

rtenjeДенов го започнавме со слаби врнежи од снег во околината на Крива Паланка, дожд во скопскиот, штипскиот и гевгелискиот регион, а на југозапад пак, со релативно сончево време. Минималната измерена температура (УХМР), беше следнава:

-3°С Лазарополе, Крушево

-2°С Маврово. Битола
-1°С Претор

0°С Охрид, Прилеп
1°С Берово, Крива Паланка

4°С Виница, Тетово, Дојран
5°С Штип, Струмица, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Куманово

6°С Скопје
Според Метеопро до крајот на денот ќе се задржи воглавно облачно време. Слаби врнежи претпладне се очекуваат во локално во источниот регион, додека истовремено на југозапад ќе преовладува релативно сончево време. Попладне освен на исток, сосема слаби, речиси беззначајни врнежи се можни локално и во западниот дел од земјата, пред се во повисоките предели.

Денот ќе биде потопол во населените места од западната половина, како и во скопската котлина, со максимална околу 9°С. Малку постудената воздушна маса и облачноста над источниот регион, во овој крај ќе условат максимална температура само околу 6°С.

Во скопската котлина ќе преовладува облачно време, но со повремени сончеви периоди. Во овој регион ќе има услови за сосема слаб и краткотраен дожд. Максималната температура ќе има вредност околу 9°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top