Италијанската полиција разби албанска нарко група, која се занимавала со шверц на кокаин, јави дописникот на МИА.
Според полициски извори, на кои се повикува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“, на петмина албански државјани им е изречена мерка притвор, додека една 48-годишна Албанка е пуштена да се брани од слобода, но мора задолжително да се јавува во полиција. Таа е осомничена за соработка и помош, бидејќи на групата и ја отстапила куќата каде што дрогата ја преработувале и подготвувале за пазар.
Во акцијата како „снабудвачи со кокаин“ се уапсени две лица на возраст од 33 и 28 години, а како „улични продавачи на дрогата“ три лица на возраст од 35, 31 и 29 години. Сите упасени Албански државјани живеле во Италија.
Во полициската акција биле запленети и над 10 илјади евра, како и значителено количество кокаин подготвен за продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.