Постојат неколку ефикасни начини симптомите на грипот да се ублажат во рок од 24 часа и да се спречи развојот на болеста.
Настинките и вирусите во оваа доба од годината земаат најголем замав. Се помалку има луѓе кои можат да си го дозволат „луксузот“ да лежат болни штом ќе ги забележат првите знаци на слабост и обврските да ги стават во втор план, но постојат неколку ефикасни начини симптомите на грипот да се ублажат во рок од 24 часа и да се спречи понатамошниот развој на болеста.
Добар сон
Во периодот на вирусите, потрудете се да спиете колку е можно повеќе, затоа што на тој начин ќе го зајакнете имунитетот. Спиете најмалку осум часа во континуитет и подолго ако е потребно. Навечер легнувајте порано и ќе се разбудите одморени.
Задолжително појадувајте
Првиот оброк е навистина важен и мора да биде здрав. Житарки, мед, млечни производи, овошје и зеленчук… Овие производи ќе ви дадат сила и ќе го зајакнат имунитетот на организмот.
Топла купка
Штом почувствувате дека „ве тресе“ легнете во топла купка или истуширајте се со врела вода. Доволно е само стопалата да ги потопите во што е можно потопла вода и да ги држите додека не почувствувате дека низ вашето тело се шири пријатна топлина.
Инхалирање
Првите симптоми на грипот се затнат нос или течење на носот, па затоа би требало веднаш да се инхалирате. Вдишете врела пареа од чај од нане, камилица или босилок.
Излезете на воздух
Кратката прошетка ќе ви помогне да се опуштите и да се освежите.
Побогати оброци
Додека организмот се бори со вирусите, заборавете на сиромашните оброци и на диетата. Најдобро ќе си помогнете самите на себе си, така што ќе внесувате храна богата со протеини, минерали и витамини.
Чаеви и витамини
Наместо третото и четвртото кафе, напиете се чај од камилица, кој ќе го спречи таложењето во градите и во грлото и задолжително напиете се витамин Ц.
Луто, лук и чашка ракија
Навечер можете да се напиете една чашка домашна ракија, која ќе ви го дезинфицира грлото, ќе ви го загрее телото и ќе ја забрза циркулацијата. Јадете рен, лута пиперка и секако лук, затоа што тие се одлични борци против вирусите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.