Евентуалниот договор за нуклеарната програма на Иран нагло ќе ги намали цените на нафтата во светот, пишува американскиот весник „Волстрит џурнал“, пренесува ТАСС.
Иранскиот извоз во изминатите години е значително ограничен од западните санкции. Но, ако тие бидат тргнати, половина милион или повеќе барели иранска нафта секојдневно ќе се најдат на светскиот пазар, кади и без тоа веќе има голема понуда, сметаат аналитичарите.
Иако, нуклеарниот договор е далеку од сигурен, иранскиот министер за нафта Биџан Намдар Зангане изјави дека неговата земја е подготвена двојно да го зголеми извозот.
Според Зангане, зголемената понуда, што ќе ја обезбеди Иран, нема значително да влијае на цените на црното злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.