Погребна фирма, наместо мојата покојна мајка, во капелата на Светонеделските гробишта во Битола ги донесе посмртните останки на друга жена, вели битолчанецот М.П. за „Нова Македонија“, кој сѐ уште не може да поверува дека во реалноста човек може да доживее ситуација како од познатото македонско филмско остварување „Викенд на мртовци“. Тој раскажува дека бил многу приврзан за мајка си и дека кога неодамна починала тешко ја поднел нејзината смрт.
– Како што е вообичаено во ваква ситуација, покојната од Клиничката болница во Битола беше пренесена во капелата на новите градски гробишта. Приватниот оператор ги презеде сите обврски за погребот. Следниот ден, два часа пред погребот, погребниот оператор ја донесе покојната од капелата на новите градски гробишта во капелата на Светонеделските гробишта, но поради тоа што тој ден имаше уште неколку погреби тој само што го остави ковчегот веднаш замина да погребува други мртовци. Откако си замина возачот на погребниот оператор околу ковчегот се собраа најблиските и почнаа да ја оплакуваат. Но кога го отворија капакот од ковчегот сите се стаписаа. Наместо мајка ми, во ковчегот лежеше сосема друга жена – вели М.П.
Тој раскажува дека бил лут и бесен и дека веднаш го побарал сопственикот на погребното претпријатие да го информира за тоа што се случи. Но наместо извинување за грешката, тој вината ја префрлил на јавното претпријатие, кое наводно ги заменило покојниците, а подоцна оправдување почнал да бара во презафатеноста и големиот број погреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст