Мислам дека ниту има можност, ниту има потреба од формирање на преодна влада, смета политичкиот аналитичар Ристо Никовски во дебатата на Канал 5 телевизија.
Никовски рече дека основниот политички излез од кризата би бил во Собрание, но такво нешто не е можно зошто, како што нагласи, раскараноста е тотална и излегување на таков еден мирољубив начин не е возможно.
-Оваа власт има свој мандат, добиен со такво мнозинство што никој не може да го оспори, а дали победата финална ќе била со 100 или 120 илјади гласови не е битно. Секој инволвиран во овие нелегални , криминални објавувања на приватни разговори треба да оди на суд. Сите тие треба да го тужат тој што ги дистрибуира тие тајни, доверливи, приватни работи. Најголемото човечко право е приватноста, или едно од најголемите. Кога некој тоа го разголува, го дава без ваша согласност, треба секој да оди на суд, вели Никовски.
Политичкиот аналитичар нагласува дека самите носители на целата оваа афера објавиле дека разговорот на Црвенковски не бил избришан, а требало да биде избришан, значи сами кажуваат дека тоа се фризира, дека тоа се бриши, се додава, се комбинира, а тоа, заклучува Никовски, не може да биде вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.