| четврток, 6 декември 2018 |

Андонов: Заев би ја заложил цела држава само за да се заштити себеси

andonovslika

Професор Оливер Андонов во своето гостување во отвореното студио на телевизија „Сител“, вчера истакна дека судбината на еден човек не е врзана со судбината на државата, нагласувајќи дека за да се заштити себеси Зоран Заев цела Македонија ќе ја стави во заложништво.
-Доведување на целата држава во состојба на заложништво преку неутврдени факти да се понесе политичка одговорност е дегутантно. Не смееме да си играме со таа работа. Во неколку наврaти нагласив дека е неопходно да имаме правна разрешница за да знаеме што е фактичката состојба од она што Заев го презентираше во јавноста. Судбината на еден човек не е врзана со судбината на државата. Тоа е многу погрешна теорија – изјави тој.

Андонов истакна дека за да се заштити себеси, Заев сите ќе нè стави во заложништво и ќе ја врзе државата со неговите судбински решенија во некои клучни периоди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top