Многумина живеат како самци иако се во брак, затоа што половина од двојките водат љубов неколку пати месечно
Сексот е како вино и со годините е се подобар. Ваков заклучок се наметнува по резултатите од американско истражување, во кое 60 отсто од испитаниците изјавиле дека во брак имаат многу поквалитетен секс, отколку кога биле „сингл“ или во неформална врска. Научниците тврдат дека мажите во стабилна врска имаат повеќе иницијатива и одлучност да ги исполнат своите фантазии.
Од друга страна пак едно британско истражување покажува дека многумина живеат како самци, иако се во брак. Оваа статистика кажува дека дури 10 отсто од мажените и оженетите имаат секс само еднаш месечно.
-Жените во брак, кои што кажуваат дека им е сосем во ред да имаат секс еднаш или двапати месечно, воопшто не се ретка појава, ниту пак тоа го сметаат за невообичаено-, признава психологот Ивон Томас.
Заситеноста и земањето на партнерот „здраво за готово“ несвесно влијае на сексуалната желба и го прави односот досаден, па љубовните терапевти предупредуваат дека брачниот партнер не треба да се запоставува. Важно е со саканата личност да најдете време за романтично дружење, како што е гледање филм, вечера во ресторан или шетање во природа. Кога без проблеми и обврски ќе се посветите еден на друг, повторно ќе пламне страста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



