Премиерот Никола Груевски во обраќањето на собирот во СРЦ „Борис Трајковски“ порача дека нема да дозволи Зоран Заев и службите што стојат зад него да испровоцираат меѓуетнички конфликт, и во исто време побара од македонските граѓани да не потпаѓаат на провокации.
– Меѓуетнички односи, откако гледа дека не успева со овие теми досега, ќе се обидат и со тоа. Мора да сме мирни и да не потпаѓаме на провокации. Тоа е крајна цел. Тие нема да добијат македонско-македонски конфликт, па ќе се обидат нешто друго. Но нема да дозволиме – порача Груевски.
Груевски исто така порача дека претставата што ја креираат нивните опоненти дека ова е битка за живот или смрт е лажна.
– Мора на сите да им биде јасно. Лажна е претставата дека ова е битка за живот или смрт. Така сакаат нашите опоненти да изгледа. Не. Се е сосема едноставно. Се зависи од од сите нас, секој еден граѓанин и од еден миг на одлука во нашите срца. Таа одлука ќе ја запре оваа психоза која сакаат да ја рашират меѓу народот. Ќе ја запре лажната неизвесност која сакаат да ја креираат. Тоа е одлуката да се вратиме на реалните потреби и проблеми во државата, да бараме решенија како нашите граѓани да имаат подобар и поквалитетен живот. Колку ќе трае ова зависи од еден момент, една секунда, кога ќе одлучиме дека нема да му дозволиме преку нашето внимание, овој човек марионета да ги контролира судбините на сите во државата и да ја држи во заложништво цела држава, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст