| четврток, 6 декември 2018 |

На киднаперите од Франција им е определен триесетдневен притвор

kidnaperi

Специјалниот суд во Белград синоќа им одреди 30-дневен притвор на тројца француски државјани, осомничени дека во петокот ја киднапирале двегодишната М.П. во белградската населба Браќа Јерковиќ.

Осомничените претходно биле сослушани во Обвинителството во присуство на адвокат по службена должност и на преведувач.

Себастијан Бранш. Горин Бранп Алексија Сандрин и Емилијен Улијет Кристел се сомничат дека извршиле кривично дело киднапирање со употреба на сила.

По киднапирањето на двегодишното дете тие се обиделе да ја напуштат Србија, но биле спречени од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top