| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Овде сме да им објасниме што значи да се бориш за Македонија

gruevski6Кога го пуштивме соопштението од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ излегоа многу шпекулации заради еден збор во соопштението, а тоа е зборот – борба. Ние напишавме – ќе се бориме. И затоа што тие не се навикнати на таков жаргон, тие си добиваат на тацна сечкани, конструирани, наменети производи што ги пласираат и мислат тоа е тајната на успехот, и така ќе добијат поддршка од граѓаните, нè нападнаа дека којзнае што сме сакале да кажеме. Масакар нè направија. Затоа што, нели, нема слобода во државава и сите се плашат, па нè плукаа, конструираа каква борба, на што сме мислеле, многу сме биле насилни, сме повикувале на граѓанска војна. Тоа овие нивните, професионалните, го говореа. Денес јас ќе им кажам што значи зборот борба, и што значи да се бориш за Македонија – рече премиерот Груевски на собирот во СРЦ „Борис Трајковски“.

– Денеска сите ние овдека ќе им објасниме како се сака сопствената држава и што се прави за неа! Да се бориш за Македонија значи додека цела Европа намалуваа плати, или пензии или социјна помош, ти не само да не ј намалуваш туку и да ја зголемиш онолку колку што си ветил пред да знаеш дека воопшто ќе надојдат две една подруга кризи во светот и Европа и притоа да ја задржиш земјата меѓу 5-6 најниско задолжени земји во Европа.И не само тоа, туку и кога малку од малку ќе се ублажи кризата во Европа да имаш трет најголем раст на еконоијата во Европа, и да се доведеш во ситуација да можеш позитивно да изненадиш со нешта што не си ги најавил или ветил, а ги правиш, како што ние годинава, социјалната помош наместо за ветените 5 отсто, правиме подготовки да ја зголемиме за 10 отсто почнувајќи од јуни годинава, за да им помогнеш на најранливите категории граѓани во земјата.

Да се бориш за Македонија значи да создадеш услови земјата да ја внесеш во топ 30 држави во светот по добри услови за правење бизнис, и со помош на тоа да привлечеш инвеститори кои како никогаш претходно ќе отвараат илјадници работни места насекаде низ Македонија.
Во досегашниот период во Македонија имаат отворено свои капацитети над дестици и десетици нови фабрики, а само во странските капацитети се вработени над 11.000 работници и тој број секојдневно расте – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top