| четврток, 6 декември 2018 |

За грабнувањето на девојчето во Белград уапсени тројца француски државјани

Српскиот министер за внатрешни работи потврди во петокот навечер дека полицијата уапсила тројца државјани на Франција кои се вклучени во инцидентот во петокот околу пладнето во Белград кога беше грабнато едно двегодишно девојченце и со подготвен пасош биле подготвени да го изнесат од Србија.

„Уапсените француски државјани имале оригинални француски патни исправи и од претходно ѝ се познати на француската полиција“, изјави шефот на српската полиција Небојша Стефановиќ во вечерниот дневник на Радио-телевизија Србија (РТС) по попладневната акција во која полицијата успеа да ги стигне и запре грабнувачите, и да неповредено да го спаси грабнатото девојченце.

Ккао што објави во петокот доцна вечерта министерството за внатрешни работи на Србија француските државјани М.С (45), С.А.Г. (50) и Ш.Е.К (25) уапсени се и осомничени за трговија со луѓе.

На акцијата ѝ претходеше драматична потера, а полицијата ги попречи сите излази од автопатите кон Унгарија и кон Хрватска во потрага по синото BMW коешто го опишале очевидците, со романски и ли бугарски регистарски таблички.

Два часа по грабнувањето во белградската населба „Браќа Јерковиќ“, кога мажот ѝ го грабнал од рацете на мајката двегодишното девојче, грабнувачите ја пробиле рампата на наплатната станица Шимановци, на автопатот Белград – Загреб кај Шид, за неколку моменти подоцна да ги попречи сообраќајната полиција и од автомобилот да го спаси неповреденото девојченце.

„Во текот на потерата полицајците забележале дека грабнувачите во еден момент се обиделе да го исфрлат детето преку оградата, покрај автопатот и да продолжат натаму. За среќа, со брзата интервенција на полицијата која ги стигнала и ги опколила, избегнато е најстрашното сценарио и детето е неповредено“, рече министерот Стефановиќ.

Во автомобилот, според информациите на МВР на Србија, најден е и пасош со фотографија на девојченце на слична возраст со грабнатото со којшто, како што засега се претпоставува, грабнувачите имале намера да го изнесат детето од Србија. Девојченцето набрзо откако грабнувачите биле уапсени, го презема таткото.

Според тврдењата на очевидците, двегодишното девојченце било во прегратките на мајката кога во петокот околу пладне, додека се враќале од пазарење, ги стасал маж на околу 45 години, ја турнал мајката од зад грби и ѝ го грабнал детето, ја турнал наземи мајката и побегнал со автомобилот кој го управувала русокоса жена. На мајката на девојченцето, којашто во моментот на нападот се обидувала да ја отвори ватата од нејзиниот автомобил, грабнувачите ѝ и повредиле пртите и дланката.

Првите информации укажуваа дека станува збор за двајца грабнувачи, а се покажа дека ги имало тројца, па српската јавност е во големо исчекување на првите подетални резултати од истрагата којашто српската полиција ја започна со француските колеги. Според белградските медиуми, сите тројца уапсени одамна ѝ биле познати на француската полиција по низа кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top