Корисник на социјалната мрежа „Фејсбук“ кој во една прилика имал можност да го посети седиштето на оваа прочуена компанија во Лос Анџелес, видел нешто што навистина го запрепастило. Всушност, тој забележал дека било кој од вработените можел да се најави на неговиот профил без користење на лозинката. После шокот кој го доживеал, овој корисник всушност дознал дека вработените во „Фејсбук“ имаат комплетен пристап до сите профили на оваа друштвена мрежа. По тој повод, прочуената веб страница The Verge побара од „Фејсбук“ да одговори на прашањето за тоа кој сè има пристап до профилите на корисниците, како и тоа дали и тие ги читаат приватните пораки.
Во одговорот на компанијата стои дека е точно дека вработените можат да пристапат до профилите на сите корисници како би правеле редовно одржување и решавање на потенцијалните проблеми. Меѓутоа, во „Фејсбук“ тврдат дека активностите на вработените луѓе константно се следат и доколку пристапот до нечиј профил се чини дека е сомнителен, таа личност автоматски би добила и отказ.
– Не толерираме злоупотреба и недолично однесување, тоа по автоматизам кај нас значи отказ, порачуваат од „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.