Руската армија би можела да тргне во напад врз Одеса, изјави американскиот републикански сенатор Џон Мекејн во интервју за украински медиуми.
Според него, откако Путин „веќе ја освоил источна Украина“, сега може да се очекуваат понатамошни напади, особено кон Мариупољ.
– Доколку помисли дека може да се повлече со тоа и дека нема да ја плати цената, ќе се обиде да ја нападне Одеса од Молдавија. Тој во Придњестровието има 1.400 војници таканаречени мировници – наведува Мекејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.