Холивудската актерка, која се навикнавме да ја гледаме беспрекорно дотерана на црвениот килим, изгледа како обична девојка додека во спортска облека со слушалки во ушите и капа на главата купува во супермаркет.
Трипати номинираната за „Оскар“, 32-годишната ѕвезда, како секоја обична жена, ќесите сама си ги однесе дома. Мишел Вилијамс живее во Њујорк со осумгодишната ќерка Матилда, која се роди од врската со покојниот актер Хит Леџер, а неодамна ја прекина врската со актерот Џејсон Сигал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.