Вчера со секретарот на општина Струмица, со шефот на кабинет на градоначалникот на општина Струмица, го направивме Записникот го пријавивме и архивиравме предметот. Денеска му се јавив – изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев на трибината во вторникот во Универзална сала.
Тоа би значело дека во понеделникот поднел пријава дека бил местен и дека му бил нуден поткуп. Но дали!? Тој до вчера го немаше пријавено случајот ни во полиција. Заев иако јавно уверуваше дека пред два дена пријавил понуден поткуп од струмички бизнисмен, таква пријава до денеска немаше. Дури денеска поднесе пријава, пет дена подоцна.
Заев дури денес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Струмица против струмичкиот бизнисмен за кого тврди дека бил провокатор и сакал да го „намести“ за да го обвинат за примање поткуп. Ова е само уште една од лагите на Заев. Познато е дека тој постојано едно изјавува друго прави и на крај самиот себе си се демантира. Која беше потребата Заев повторно да лаже?! Зарем не се срами самиот што постојано се наоѓа во ситуација да биде фатен во лага?!
Инаку струмичкиот бизнисмен кој барал приватизација на градежно изградено земјиште пријавил дека Зоран Заев му побарал 200.000 евра поткуп уште на 20-ти декември 2013-та или пред речиси година и половина.
Интересно е што Заев за целиот овој период ниту еднаш не пријавил дека некој му понудил поткуп, како што тврди сега, откако полицијата ја финализираше истрагата, објави вчера Сител.
-Од општина Струмица не откриваат кога започнала постапката за приватизавција на земјиштето, но според неофицијални информации таа траела повеќе месеци пред бизнисменот да пријави дека за нејзино завршување му се побарани пари.Општината за сите одговори упатува на партискиот говор на Заев во Универзалната сала што доведува до дилемата дали СДСМ и општина Струмица се една иста организација, пренесе Сител.
Во меѓувреме интензивно трае истрагата за корупцискиот скандал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст