| четврток, 6 декември 2018 |

Ново правило во „Икс-фактор“

Во недела, 22 март, со почеток од 21.30 часот ќе започне емитувањето на втората сезона на „Икс-фактор“.

Според продукцијата, се очекува околу 19 милиони гледачи ќе ја следат потрагата за нова регионална музичка ѕвезда, за која се пријавија 11.500 кандидати од пет земји. За судбината на натпреварувачите прво ќе одлучува четиричленото жири составено од Александра Ковач, Масимо Савиќ, Жељко Јоксимовиќ и Тончи Хуљиќ, а потоа во емисиите во живо ќе одлучува самата публика.

Во фазата „Регрутен камп“ (Bootcamp), годинава е воведено ново правило наречено „предизвикот на 6 столчиња“, кое го имало во неколку сезони на британската и американската верзија од натпреварот.

ФАЗА 1 – Предаудиции

Првиот дел од процесот на селекција се предаудициите, односно првата средба на сите пријавени кадидати со стручната комисија, која ја ангажира продукцијата на проектот. Предаудициите се одржуваат ширум регионот, а селекцијата на кандидатите ја врши тим составен од професионалци од областа на музичката и телевизиската индустрија. Кандидатите кои ќе ја поминат оваа селекција, ќе настапат во следната фаза од натпреварот. Овој дел не се прикажува на телевизија.

ФАЗА 2 – Аудиции пред жири (5 епизоди)

Аудициите претставуваат фаза од натпреварот во која одбраните кандидати за прв пат се сретнуваат со публиката и жирито на „Х фактор“. На аудициите кандидатите пеат по една песна по избор, а потоа жирито одлучува кој заслужува да продолжи во следната фаза. По настапот на натпреварувачот, судиите даваат коментари и гласаат. На натпреварувачите им се потребни 3 или 4 „ДА“ за да продолжат понатаму. Аудициите ќе бидат прикажани во првите 5 епизоди со времетраење од 60 минути.

ФАЗА 3 – Регрутен камп (2 епизоди)
НОВО ПРАВИЛО – „Предизвикот на 6 столчиња“

Во оваа фаза од натпреварот, кандидатите кои поминаа на аудициите се среќаваат со разни предизвици кои недвосмислено покажуваат кој од нив е подготвен да продолжи во следната фаза од борбата. Во регрутниот камп натпреварувачите настапуваат пред жирито, но овој пат по групи. Во оваа фаза следи пресврт – динамиката на натпреварот се менува: судиите им стануваат ментори на натпреварувачите, така што на секој од членовите на жирито им е доделена по една категорија: момчиња до 27 години, девојки до 27 години, вокални групи и постари од 27 години. Потоа, секој член на жирито има задача да одбере само 6 од својата категорија, а возбудливо е тоа што никој не е безбеден до самиот крај од фазата, затоа што и тој што ќе седне на столчето, може уште веднаш да му отстапи своето место на следниот натпреварувач.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top