Советот на Европа соопшти дека донел одлука за продолжување со уште шест месеци на санкциите воведени поради посегнување по суверенитетот, територијалната целина и независноста на Украина.
Одлуката ќе биде објавена утре во службениот весник на Унијата. Поврзана е со одлука на Советот на ЕУ за надворешни работи од крајот на јаннуари.
Од тие санкции погодени се 150 луѓе и 37 организации. Санкциите се во сила до 15 септември, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.