Акциите на групата Исламска држава на Блискиот Исток вклучително против христијани и други религиозни малцинства се исти како и злосторства против човештвото и нивните извршители треба да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Тоа го наведува Европскиот парламент во декларација.
ИД продолжува да осакатува и убива, понекогаш и на жесток начин членови на религиозни и етнички малцинства, новинари, заробени војници или луѓе од хуманитарни организации, се вели во декларацијата.
– Такви јавни непочитувања на правата на човекот се исти како и злосторствата против човештвото и воени злосторства во согласност со Римскиот статут и можно е да се квалификуваат како геноцид – сметаат европратениците.
Според нив, извршителите на тие дела треба да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.