| четврток, 6 декември 2018 |

Се вра­ќа мо­да­та од се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни

Мо­да­та се­ко­гаш се вра­ќа, а оваа се­зо­на се хит го­ди­ни­те на сло­бо­да и на ре­во­лу­ци­ја – се­дум­де­сет­ти­те! Овој тренд се по­ја­ви на мод­ни­те пи­сти во Лон­дон, Ми­ла­но и во Па­риз, а Том Форд, Пра­да, Миу Миу, Гу­чи беа инс­пи­ри­ра­ни од оваа лу­да де­ка­да

sedamdesete 2015 trendsedamdesete10

Не е прв­пат овој тренд да ожи­вее. Во 2011 го­ди­на мо­да­та од се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни по­втор­но до­жи­веа го­ле­ма по­пу­лар­ност. Ми­на­та­та есен беа акту­ел­ни ка­пу­ти­те во А-ли­ни­ја и вин­таж пар­чи­ња­та кај Ив Сен Ло­рен, а оваа се­зо­на му се при­дру­жи­ја и дру­ги поз­на­ти ди­зај­не­ри.

За раз­ли­ка од два­е­сет­ти­те го­ди­ни ко­га вла­де­е­ја све­тки­те или во ше­е­се­ти­те ко­га сè бе­ше пси­хо­де­лич­но, кај мо­да­та во се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни пре­ов­ла­ду­ва­ат зем­је­ни то­но­ви – по­ве­ќе ни­јан­си на тем­но­ка­фе­а­ва, злат­на, топ­ла жол­та, пор­то­ка­ло­ва, ни­јан­са на пе­сок, цр­ве­на и си­на. Доз­во­ле­ни се ком­би­на­ции на си­те овие бои. Сè е доз­во­ле­но – ге­о­ме­три­ски мо­ти­ви, ет­но-при­ме­ро­ци, ап­стракт­ни и цвет­ни де­зе­ни.

sedamdesete 2015 trendsedamdesete06

Ко­нец, тан­те­ла, вол­ни­ца, се ма­те­ри­ја­ли­те што се ро­ман­тич­ни и сен­зу­ал­ни и нај­че­сто тие де­та­ли се ка­ра­кте­ри­сти­ка на бо­хо-сти­лот од се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни и се по­ја­ву­ва­ат на фу­ста­ни, ма­и­ци, ко­шу­ли, еле­ци. Тоа мо­же да би­де не­кој мал де­таљ вр­зан за иста или за кон­траст­на тка­е­ни­на, а че­сто е во при­друж­ба со би­се­ри, све­тка­ви ка­ме­ња и сви­ле­ни нит­ни. Ан­ти­ло­пот е еден од ма­те­ри­ја­ли­те што се упо­тре­бу­ва­ат. Ан­ти­ло­пот е мек и не­жен и не се ко­ри­сти са­мо ка­ко до­да­ток, ту­ку и ка­ко при­ма­рен ма­те­ри­јал за фу­ста­ни, здол­ни­шта и за јак­ни.

Ре­си­те се вра­ќа­ат во мо­да, по­себ­но кај еле­ци­те и кај јак­ни­те, а ги има и на чан­ти­те, чев­ли­те и на об­ле­ка­та.

sedamdesete 2015 trendsedamdesete05

Пан­та­ло­ни­те и здол­ни­шта­та по­втор­но има­ат ви­сок струк, и тоа е еден од за­дол­жи­тел­ни­те кро­е­ви од се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни што по­втор­но се во тренд.

Кај фар­мер­ки­те, освен што се со ви­сок струк, по­втор­но се во мо­да ѕво­нар­ки­те или хи­пи- фар­мер­ки, укра­се­ни со раз­ни до­да­то­ци. Дру­га оп­ци­ја се здол­ни­шта, еле­ци и јак­ни од те­ксас.

Во се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни сè по­ве­ќе се но­сат ми­ди и ма­кси здол­ни­шта и фу­ста­ни, та­ка што оваа се­зо­на тие по­втор­но се акту­ел­ни.

sedamdesete 2015 trendsedamdesete02

Ком­би­не­зо­ни­те беа мно­гу по­пу­лар­ни во се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни, и тоа во по­ве­ќе ком­би­на­ции – од ле­жер­ни ва­ри­јан­ти до све­че­ни ком­би­не­зо­ни за ве­чер­ни из­ле­гу­ва­ња и по­себ­ни на­ста­ни.

Во по­че­то­кот на се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни же­ни­те сè по­ве­ќе поч­на­ле да но­сат ко­сту­ми и пан­та­ло­ни кои се ком­би­ни­ра­ни со женс­тве­ни ко­шу­ли или ма­и­ци и ша­ло­ви. По­го­ле­ми­от број пан­та­ло­ни кај тие ко­сту­ми се во сти­лот на ѕво­нар­ки, но се но­сат и тес­ни пан­та­ло­ни. Со нив се ком­би­ни­ра­ат ко­шу­ли со кру­жен израз, тие мо­же да би­дат ед­но­став­ни, збо­га­те­ни со ет­но-еле­мен­ти.

Чев­ли на пла­тфор­ма и ше­ши­ри со ши­рок раб се ти­пич­ни мод­ни до­да­то­ци, а на нив мо­же да им до­да­де­те и очи­ла за сон­це со го­ле­ми рам­ки, ка­ко и чан­ти со ре­си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top