Ирачката армија ја формира првата бригада составена целосно од христијани, чија задача ќе биде да ја врати контролата над заземените од „Исламска држава“ христијански градови и села во Ирак.
Новата бригада е под команда на властите во ирачката автономна област Курдистан, чии борци пешмерги имаат главна улога во борбата против ИД.
Бригадата беше претставена пред курдски и асириски официјални лица во Фишкабур во северозападен Ирак, во близина на границата со Сирија и Турција.
Мнозинството ирачки христијани живеат во долината Ниневија, што го опфаќа делот од главниот град на Курдистан Ербил до вториот по големина ирачки град Мосул, заземен од ИД во јуни. Напредувањето на џихадистите во август принуди десетици илјади христијани да ги напуштат своите домови.
– Околу 600 христијани од долината Ниневија учествуваа во обуката, Сите учесници се доборволци. Тие сакаат да ја ослободат земјата од џихадисти и да ја заштитат, изјави командантот на воената академија генерал Абу Бакр Исмаил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.