| четврток, 6 декември 2018 |

Нема веќе деколте и нападна шминка – се воведува хоспитална култура

Љубезни и насмеани со пристојна и уредна облека. За една недела вака треба да изгледаат  здравствените работници. Правилникот за хоспитална култура е објавен во Службен весник, а денеска го добија и менаџерите на болниците и на клиниките. Лекарот не смее да има приватни телефонски разговори пред пациенти. Да не го повишува тонот пред болен. Сите забелешки да ги сослуша со трпение и почит.

-Го добивме правилникот, утре на стручните состанови ќе дискутираме за точките. Секако знаеме како треба да се однесуваме, ние и досега тоа го правиме. Љубезност, насмеаност, трпение…- вели Сашо Стојчев, директор на Општа болница „8-ми септември“ за „Сител“

Во иднина бел мантил ќе носат само лекарите. Светло сината униформа е наменета за медицинските сестри.  Целта е полесна идентификација на здравствените работници за да нема забуни кој е доктор а кој болничар.

-Ние на Урологија немаме проблем со односот со пациенти. А се знае што подразбира овој протокол, сестрите да носат чорапи, затворени кломпи, да бидат уредни и пристојни – вели Михаил Пенев, директор на Клиника за урологија во изјава за телевизијата.

Дрес кодот е важен сегмент од хоспиталната култура. Тоа значи дека од наредната недела нема повеќе чипки,  деколтеа и нападни шминки  на работните места и секси медицински сестри и лекарки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top