| четврток, 6 декември 2018 |

Донбас: Четворица загинати, меѓу кои и две деца

Четири лица загинаа при експлозија на автомобил натоварен со боева муниција во близина на градот Горловка, контролиран од украинската армија во Источна Украина, соопшти Министерството за одбрана на самопрогласената Донецка народна република.

Во експлозијата загинале две деца, а едно лице е тешко повредено.

Министерството за одбрана на ДНР соопшти дека експлозијата е провокација на украинската армија и дека била планирана од украинските специјални служби за да бидат обвинети проруските борци за акција против цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top