| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со детали за вчерашниот напад над Амди Бајрам

Вчера околу 15.30 часот е пријавено во полиција дека на ул.„ Кеј 13 Ноември“, пред Управната зграда во ГТЦ, на пратеник од Собранието на Р. Македонија, кој бил заедно со уште едно лице, во еден момент им се доближил А.Т. (29) од Струмица, по што почнал вербално да го напаѓа, упатувајќи му навредливи зборови на пратеникот.

Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на самото место и разговарано е со лицата.

Извршен е преглед во возило „шкода октавија“ управувано од А.Т., при што биле пронајдени два ножа на расклопување, една палка на расклопување и еден заштитен елек.

За лицето А.Т. е поднесена пријава за нарушен јавен ред и мир. СВР-Скопје го проследи предметот до Основното јавно обвинителство  на натамошно постапување. 

Како што вчера беше објавено, пратеникот бил лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top