| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца полицајци застрелани за време на протестот во Фергусон

ferguson

Двајца полицајци беа застрелани за време на протестот во градот Фергусон, во американската сојузна држава Мисури, јави ДПА.

Полицајците биле застрелани пред полициска станица во Фергусон, каде шрто се одржа протестот. Детали за нивната состојба сѐ уште не се соопштени.

Протестот пред полициската станица се одржа неколку часа откако началникот на полицијата на Фергусон, Томас Џексон, поднесе оставка, по критичниот федерален извештај, во кој се наведува дека полицијата во градот има предрасуди кон Афроамериканците.

Во Фергусон минатото лето полицаец белец застрела невооружен афроамерикански тинејџер, што предизвика бран протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top