| четврток, 6 декември 2018 |

Kривична за поранешниот директор на „Нискоградба“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ц.(52) поранешен директор на јавното претпријатие „Нискоградба“ и Е.С.(60) раководител на Одделението за комунален развој во општина Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во март 2011 година, В.Ц. без склучен писмен договор за изведување водоводни линии, без соодветна документација, како и без извршен надзор од порачувачот МЈП „Проаква“-РЕ Водовод Охрид одобрил, ЈП „Нискоградба“ да изведе реконструкција на водоводната линија.

По неговата смена од работната позиција, новиот директор ги прекинал реконструктивните работи.  Пријавениот Е.С. без да прибави потребна градежна и правна документација изготвил, потпишал и заверил налог за работа за реконструкција на водоводна линија и покрај тоа што знаел дека работните ангажмани на истата линија од ЈП „Нискоградба“ биле започнати пред околу три месеци без склучен писмен договор.

На овој начин пријавените му нанеле штета на ЈП „Нискоградба“ во износ од 11.323.836 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top