Чоколадите „Сека“ и „Брацо“ на хрватскиот производител „Звечево“ се произведуваат уште од шеесетите години на минатиот век, а многумина и денес ги сметаат за едни од најдобрите.
Денес имаат нова амбалажа на која братот и сестричката се нацртани, но во 1988 година, наместо цртеж, обвивката ја красеше надалеку препознатливото русокосо девојче. Ликот на популарното чоколадо го позајми Теа Агбаба, ќерка на новинарот Градимир Агбаба.
Ова убаво девојче, денеска е уште поубава жена, која во разговор за радиосарајево.ба вели дека живее и работи во Палма де Мајорка.
– Како девојче од четири ипол години си играв. Беше тоа еден сосема нормален ден и мислам дека по градинките бараа деца, односно лик кој би можел да биде на тоа чоколадо, но цело време гледаа во мене. Веднаш рекоа дека јас сум таа! Знам дека ја прашуваа мајка ми, но не се сеќавам точно на целиот процес. Знам само дека ми кажа дека тоа е прекрасна можност и дека тогаш сите беа среќни околу мене. Јас едноставно одлучив дека тоа би било правилно да го направам – се присетила Теа на времето од 1988 година.
Триесет и две годишната Теа денеска е во Палма де Мајорка, а 20 години живеела и во Лондон. Многу е носталгична, а и фали Хрватска, дури и сармата во текот на зимата. Додава дека си го задржала јазикот и дека секогаш чувствува и знае од каде е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.