Нa сите мажи не им се допаѓаат ист тип на жени. Има неколку специфични, поизразени карактеристики кај некои дами кои ги одвраќаат мажите. Погледнете кои се тие:
Многу силна
Многу силните жени создаваат чувство на инфериорност кај спротивниот пол. За мажите, силата и егото им се кријат во тоа да ја штитат жената, а не обратно.
Жена дете
Жената дете одбива да порасне. Таа секогаш ќе очекува нејзиниот партнер да се однесува со неа како со дете и да ја мази. Таа бара татко, а не партнер . Како што жените не сакаат да се како мајки на мажите, така и мажите не сакаат да им бидат татковци на своите жени. Во почетокот повеќето мажи детското однесување го сметаат за привлечно и слатко, но по некое време тоа веќе не е така.
Злобна кучка
Таа ја бара вината во сите други , но не и во себе. Секогаш има кон кого да ја насочи својата злоба. Таа често ги омаловажува другите и е среќна кога други луѓе страдаат. Злобната кучка е многу себична и мисли само за себе. Повеќето мажи го избегнуваат овој тип на жени и мислат дека е подобро да се стои настрана од нив.
Плачка
Да бидеш емотивен не е лоша особина, но плачките се жени кои ја користат моќта на солзите како оружје за да го постигнат она што тие наумиле или за да докажат дека се во право. Всушност, мажите не сакаат премногу емотивни жени, кои плачат за најмала ситница. Мажите ги избегнуваат таквите жени.
Зборливка
Таа не престанува да зборува. Со часови зборува на секакви теми, а партнерот е должен да ја ислуша и ако тој одлучи да каже нешто, најверојатно ќе биде прекинат. Таа сака да озборува и често зборува бесмислици, едноставно колку да каже нешто. Краток период мажите можат да истрпат таква жена, но набрзо мажот до неа, најверојатно ќе се обиде да се ослободи од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.