| четврток, 6 декември 2018 |

Препознајте дали црниот леб е, навистина, црн

Го купуваме за подобро здравје, но лебот што трговците го продаваат како црн не е секогаш направен од црно брашно. Најчесто тоа е леб направен од бело брашно со додаток на боја. За да се заштеди, место леб произведен од црно брашно, кое се прави од цело зрно сосе лушпата, се додаваат вештачки бои. 

Исто така, секој ‘ржaн леб не е ‘ржaн, туку само тој што содржи 30 проценти ’ржано брашно. 

Постојат неколку методи со кои можете да проверите колку квалитетен леб купувате

  •  ставете едно парче од црниот леб во вода, ако лебот побели, а водата потемни јасно е за што станува збор
  •  црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот
  • црниот леб не е еластичен ниту сунѓерест
  • средината на црниот леб има подлабоки пори и помал волумен
  • црниот леб мириса поинаку од белиот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top