Отсега планинарите, рекреатаривците и туристите кои уживаат во убавините на Шар Планина може да користат мобилна апликација на своите паметни телефони која ќе им го олесни искачувањето по оваа планина.
Планинарскиот клуб „Љуботен“, кој годинава прославува 90 години од своето постоење и Македонското еколошко друштво од Скопје изработија прва апликација за мобилни уреди, која е неменета за потребите на планинарите, рекреативците и туристите.
Апликацијата „Истражи ја Шар Планина“ (Еxploring Shar Mountain) ќе биде промовирана утре, на 12 март, четврток во 12 часот во „Порта Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.