
Поради остатоци од снег на коловозoт, забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка е сеуште во тек. На патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, има забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај месноста с.Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на повисоките места во државата, а на пониските места врнежите се од дожд.
Поради појава на магла намалена е видливоста до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


