Ако на екраните гледаме симболи на сексапил и машкост, со кратка коса или ќелави, има и такви на кои посилно оружје им е долгата коса.
Еве ги господата од светскиот шоу-бизнис кои изгледаат убиствено со долга коса.
Џаред Лето
Пејачот и актер Џаред е познат по неговите експерименти со косата. Сме го виделе рус, розов, црвен. Сме го виделе со кратка коса, со долга коса и со коса во пунџа. Во последно време е со долга, обоена во омбре стил. Можеби мислите дека оваа фризура повеќе одговара на некој ангел на „Викторијас сикрет“, но на Џаред Лето му стои вртоглаво добро.
Бред Пит
Тој е од оние мажи, на кои сѐ им стои. Но, кога неговата коса е долга неколку прста под брадата, сексапилот му доаѓа до израз и станува неодолив.
Орландо Блум
Холивудски актер Орландо Блум е најсекси со долга коса.
Џони Деп
Долгата коса на Џони Деп му придава неверојатен сексапил, мажестевност.
Џејсон Момоа
Момоа е најраскошниот претставник на посилниот пол во актерска еснаф, кој освен со остроумен зелен поглед, стаписува и со кадравата долга коса.
Крис Хемсворт
Крис Хемсворт е од оние мажи со долга коса на кои погледот ти запира со непристојно долго време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.