На француските гробишта во Битола денеска се одржа комеморативна церемонија на која делегации од Министерствата за одбрана на Република Македонија и на Француската Република, предводени од министерот за одбрана Зоран Јолевски и државниот секретар за поранешни борци и историски настани, Жан-Марк Тодешини положија венци со свежо цвеќе.
Комеморативната церемонија се одржала во чест на паднатите француски војници во Првата светска војна, а се организираше во рамки на дводневната посета на државниот секретар Тодешини на Република Македонија.
Во Музејот на општина Битола денеска е отворена и изложба на фотографии за Првата светска војна, од Фондот на Браќата Манаки.
По отворањето на изложбата, полковникот Енвер Јакупи од Армијата на Република Македонија, поранешно воено аташе на Македонија во Франција, за неговиот придонес кон унапредувањето на билатералните односи помеѓу двете земји, беше одликуван со Медал за национална одбрана, златен ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст