Објавувањето на прислушкувањата на многумина им изгледало дури и може да им звучело како веродостоен процес на еден нов почеток, но подоцна, една од главните цели на цел овој скандал станац политичко дескредитирање на Демократската партија на Албанците – посочи денеска Беким Фазлиу од ДПА.
Тој додаде:
Вчера на една албанска телевизија имавме можност да го слушнеме претседателот на СДСМ Зоран Заев. Политичкиот наследник на Глигоров и Црвенковски како политички шарлатан на хистеричен начин ја искажа големата омраза што ја има кон Албанците, не само за овде во Македонија, туку и за Албанците во Албанија и Косово, рече Беким Фазлиу од ДПА. Верните слуги на вчерашната УДБА и денешните како Алсат-М, Ким Мехмети и Мерсел Билал, кои се соучесници на сите тие убиства и малтретирање на Албанците правени од нивните господари Верушевски, Фрчковски и целата тајфа на СДСМ денес пак се однесуваат како аргати на Заев, кои предизвикуваат збунетост и ги валкаат Албанците.
Зоран Заев како шизофреник зема храброст државните лидери на Албанија и на Косово да ги нарече инкриминирани. Зоран Заев исто како што се обиде да ја извалка албанската опозиција во Македонија – ДПА без да има доказ, истото го направи минатата ноќ и за државните лидери на Косово и Албанија. Веќе е јасно дека целта на Заев е да се распарчат и извалкаат Албанците.
Јавно му давам до знаење на овој шарлатан од Струмица- кој фалсификува, наклеветува, составува и фантазира, да ги држи рацете далеку од Албанците. Подалеку рацете од Албанија и Косово, премногу си мал за таа работа. ДПА како што им го покажа местото на твоите предходници, исто така ќе ти го покаже местото и на тебе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст