Три четвртини од Кинезите боледуваат од кардиоваскуларни болести поради небалансирана исхрана, гојазност и пушење, наведуваат американските кардиолози во најновата студија заснована на медицински податоци од 96.000 Кинези.
Научниците нивната здравствена состојба ја класифицираа во три категории – идеална, средна и лоша.
Експертите во студијата разгледуваат седум критериуми – пушење, телесна тежина, физичка активност, исхрана, ниво на холестерол и на гликоза и крвен притисок.
Само 0,2 проценти од испитаниците имале иделано кардиоваскуларно здравје.
Кардиоваскуларните болести во моментот се главна причина за смртноста во Кина, каде бројот на заболени од дијабетис двојно се зголеми во последните десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.