| четврток, 6 декември 2018 |

Русите бараат објаснување за „европската војска“ на Јункер

junkerМосква бара од Брисел да и појасни што се подразбира под војската на Европската унија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Алексеј Мешков, одговарајќи на прашање на агенцијата ТАСС во врска со соопштението на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер за формирање на заедничките европски вооружени сили.

– Би било добро да се знае за што зборуваат властите на ЕУ, бидејќи европските функционери повеќе пати ја почнале таа тема на различни нивоа во изминатите 30 години, рече Мешков.

Јункер на 8 март повика за формирање на војска на ЕУ, изјавувајќи дека имиџот на Европа и нејзината надворешна политика драматично се влошиле.

Тој истакна дека на Унијата и е потребна сопствена армија, бидејќи не е сфатена сериозно како меѓународна сила.

Јункер додаде дека не сака тие нови сили да бидат конкуренција на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top