| четврток, 6 декември 2018 |

Секој петти жител на Брисел зборува на арапски

arapi vo brisel

Секој петти жител на Брисел зборува арапски јазик, покажуваат податоците од истражувањето, објавени во весникот „Соар“, јави БТА.

Најраспространет е францускиот, на второ место е англискиот, а трет е холандскиот јазик. Во градот се зборуваат 104 јазици, покажува истражувањето на Бриселскиот слободен универзитет.

За десет години бројот на лица што зборуваат арапски се зголемил од 6,6 на 17,9 проценти од локалното население.

Универзитетскиот професор Руди Јанес појаснува дека во Брисел има многу висококвалификувани кадри, кои говорат главно на англиски јазик, но има и посиромашни имигранти, на пример од Бугарија и Романија, кои не говорат друг јазик, освен мајчиниот.

Министерот за образование за Фландрија, Паскал Смет, коментира дека во Брисел целосно недостига политика за инклузија на странците. Според него, неопходно е градот да одреди еден заеднички јазик за сите етнички групи, на кои локалните луѓе ќе можат да зборуваат за да градат заедничка иднина.

Одил Буржоа, директорка на едно од основните училишта во Брисел, истакнува дека секоја година има околу еден процент од новопримените ученици, кои не знаат ниту збор на француски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top