Сопругата на поранешниот британски премиер Тони Блер ќе ја застапува Албанија во судски спор вреден 250 милиони фунти. Госпоѓата Чери Блер претходно склучи договор со казахстанската Влада каде нејзиниот сопруг исто така работеше како советник.
Тони Блер пред повеќе од една година почна да работи како советник на Албанската Влада.
Адвокатската канцеларија Омниа Стратеџи доби преку тендер работа да ја застапува Владата во спор со американската фирма Рапискан Стратеџи која во 2013 година потпишала договор на 15 години за инсталирање скенери на граници за сузбивање шверз на дрога, оружје и цигари.
Договорот бил откажан откако на избори победи Еди Рама, а американската фирма во август подигна тужба барајќи 250 милиони долари отштета.
Колкави ќе бидат хонорарите на Чери Блер засега не е познато, но се знае дека во Казахстан добивала по 975 фунти на час, иако обично наплатува 1.150 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија