-Тие сакаат да го премостат македонскиот гласач. За да го нема. Тие сакаат да се ушуњаат, да се вовлечат во легитимната власт односно во институциите. Тоа е она нивно барање за техничка Влада. Така беше и во 2001-ва година, само тогаш се викаше Влада на национално единство, како бајаги. На ист начин ја водеа играта. И тогаш ние новинарите бевме прислушувани, и тогаш Верушевски беше дел од службите, како што е и сега. И тогаш ни беше ветено дека до крај ќе се расчистат работите. Ама кога дојде до второто ниво, она што е надвор, кој е организатор и кој е инспиратор, се прекина, се договорија и ги исплашија. Влегоа заеднички во владата и заеднички ја натераа Македонија да капитулира. Да си го смени во воени услови Уставот, да си ја смени преамбулата, мнозинскиот народ да го сведе на една од етничките заедници. Тогаш дојде до смена на Власт, ко бајаги легитимна, а со помош на СОРОС-овата мрежа. Тогаш најголемите резилаци со наша помош беа направени бидејќи тогаш влеговме во стапицата на вакви серии. Тогаш ни ја наместија териоторијалната поделба, тогаш паднавме на мамка, на финта. Два дена пред референдумот не призна Америка под уставно име само за народот да не излезе на референдум – рече Велиновска.
Од 2006-та до денес, Македонија секоја година организира избори. Новинарката вели дека вештачки се провоцира криза, прво институционална или политичка и дека тие сакаат да го доведат народот до една ситуација каде ќе биде умотен.
Марионетата, како што го нарече Заев, сака политичка разрешница на ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.