–По припојувањето на полуостровот Крим, во март минатата година, Русија таму значително ги зголеми своите воени капацитети и полуостровот го претвори во „платформа за проекција на својата моќ – изјави денеска командантот на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав.
– Тоа што можеме да го видиме на дело најдобро може да се опише како милитаризација на Крим, рече Бридлав во интервју за украинската телевизија „1+1“.
-Тие таму довезоа воздухопловни капацитети, ги зголемија капацитетите на воената морнарица, довезоа многу модерни одбранбени системи земја-воздух што покриваат околу 40 отсто од површината на Црно Море, како и многу софистицирани одбранбени системи што имаат досег речиси над цело Црно Море – истакна американскиот генерал.
Русија го анектира Крим откако кон крајот на февруари 2014 година на овој полуостров испрати свои војници. Подоцна организира референдум, на кој огромно мнозинство од граѓаните го поддржа припојувањето кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.