| четврток, 6 декември 2018 |

Интересни факти за неколку држави во светот

d3(2)

Во светот има околу 196 држави. Секоја од нив има со што да ве изненади. Секоја има свои убавини и опасности, кои се карактеристични само за неа. Народите што живеат во различни географски области, исто така, имаат свои особености.

Погледнете неколку забавни факти за различни земји во светот, кои можеби не ги знаете:

Франција – Државата која покрива најмногу временски зони

d1(1)

Франција покрива 12 часовни зони. Се разбира, тоа го постигнува благодарение на поранешни колонии, кои денес сѐ уште се во нејзина територија. САД можат да се пофалат со 11 временски зони, а Русија со 9.

Младиви – Најголема веројатност да потоне

d2(2)

Со глобалното затоплување нивото на океаните во светот се подига. Малдиви се наоѓаат на само 1,8 метри надморска височина и ќе биде првиот што ќе потоне.

Науру (најмалата островска држава во светот) – Најдебелата нација

d3(2)

Преку 95 проценти од населението на Науру е дебело. Тоа, официјално, е најдебелата држава во светот.

Фолкландски Острови – Држава во која се паѓаат по 350 овци на секој човек од населението

d4(1)

На островите живеат 3.000 лица и 350 пати повеќе овци. Тука волната е главен производ за извоз.

Канада – Државата со најмногу езера

d5

Во Канада има повеќе од 3 милиони езера. Девет проценти од територијата е окупирана од вода.

Монголија – Државата во која постои најмала веројатност да си го видите соседот

d6

Во Монголија живеат 1,6 луѓе на квадратен километар. Ова е најретконаселена држава во светот.

Саудиска Арабија – Државата без реки

d7

Да, голема држава како Саудиска Арабија, нема реки на својата територија. Тука водата за пиење доаѓа од станици за преработка и од подземни извори. Во светот има и други држави без реки, но тие се помали. Без реки се и Бахамите, Малдиви, Катар, Оман и др.

Нигер – Државата со најмладо население

d8

49 проценти од населението на земјата е на возраст под 15 години.

Украина – Држава што најбрзо исчезнува

d9(1)

Секоја година населението се намалува за 8%. До 2050 година, Украина ќе загуби 30% од жителите.

Малта – Државата со најмногу свои жители во странство

d10(2)

По тешките економски времиња и намалената стапка на наталитет, во моментов има повеќе жители на оваа држава кои живеат во странство отколку на островот.

Монако – Државата која е помала од Централ парк

d11

Убавата држава Монако е помала од Централ парк во Њујорк.

Суринам – Речиси целата држава е покриена од џунглата

d12

91% од територијата на земјата е џунгла. Населението е малку над половина милион луѓе кои живеат долж крајбрежјето. Речиси никој не живее внатре во земјата.

Хаити – Државата која речиси нема дрвја

d13

На Хаити толку се исечени дрвјата што од сателит се гледа нејзината граница со Доминиканска Република.

Сингапур – Најголема земја без ниту една фарма

d14

Има и неколку помали држави во кои нема земјоделство (Ватикан), но може да се каже дека Сингапур е најголемата држава без земјоделство.

Папуа Нова Гвинеја – Државата во која се зборуваат најмногу јазици  

d15

Англискиот јазик е официјален јазика, но, и покрај тоа, го зборуваат само 1-2% од населението. На територијата на Папуа Нова Гвинеја се зборуваат над 800 јазици и дијалекти.

Канада – Државата со најобразовани луѓе

d16

Над 50% од населението има едукација над средно. Во топ 3 на оваа листа се уште: Израел (45%) и Јапонија (44%).

Либија – Државата пустина

d17

99% од територијата на Либија е пустина. Во некои области може да поминат 10 години без да врне.

Сомалија – Најопасната држава во светот

d18

Државата со најмногу насилство во светот е Сомалија.

Русија – Државата која произведува најмногу кислород

d19

Во Сибир се наоѓаат речиси 25% од шумите на светот. Шумската област на Сибир е поголема од САД, што ја прави Русија најголемиот производител на кислород во светот.

Авганистан – Најголемиот производител на опиум

d20

Во Авганистан  се произведува 95% од опиумот во светот.

САД – Државата со најмногу затвореници

d21

По затворите во САД живеат околу 2,2 милиони луѓе. Тоа се 25% од сите затвореници во светот. На второ место е Кина со 1,5 милион, а на трето Русија со 870.000 луѓе зад решетки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top