Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 26 сообраќајни незгоди.
Во петокот, на 6 март, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден пешак.
Во саботата, на 7 март, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од нив пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, осум сопатници и еден пешак.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и четворица сопатници.
Во неделата, на 8 март, извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди и се со последица материјална штета.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 25 возачи, кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Триесет и седум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 20 возачи кои поминале на црвено на семафорот.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција се отстранети 96 возила што го спречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работлници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“, кое се наоѓа на територија на општина Шуто Оризари, со учениците од второ одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст