Прооден е патот кон кавадаречкото село Рожден, кој вчера беше непрооден поради снежната покривка која изнесуваше триесетина сантиметри, информираа денеска од компанијата „Јами“, која кавадаречката локална самоуправа ја избра за зимско одржување на патиштата во општина Кавадарци.
– Интензивно работевме на терен се додека не го исчистивме снегот и сега сите патишта кон десетината села од Поткожувјето се проодни. Таму имавме и дополнителни врнежи од снег, но нашата механизација е на терен и редовно интервенира секаде каде што е потребно, истакна од компанијата.
Оттаму соопштија дека во најголем дел кон селата под планината Кожуф има снег од околу дваесетина сантиметри, но на некои места снежната покривка достигнува и до половина метар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст