| четврток, 6 декември 2018 |

ДОМ бара измени нза Изборниот законик за повеќе жени во политиката

lile popovska

Демократска обнова на Македонија предлага преку измени во Изборниот законик, да се обезбеди подеднаквa застапеност на жените и мажите во политиката во Република Македонија, како основа за економска и социјална еднаквост.

Од партијата соопштија дека овој принцип веќе го практикувале на локалните избори 2013 година, со предложени 50 отсто жени на листите за советници. Од ДОМ изразуваат поддршка на платформата Планета 50-50 до 2030 година, поставена од Обединетите нации. 

Форумот на жени на Демократска обнова на Македонија им го честита 8 Март-Меѓународниот ден на жените, на сите жени во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top