| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен маж кој се качил на покривот на британскиот Парламент

_81476725_parliament_gettyБританската полиција уапси маж, кој се качил на покривот на Парламентот и таму останал неколку часа.

– Во овој момент се уште е рано да се посочат причините за инцидентот, соопшти полицијата.

Синоќа полицијата била информирана дека на покривот од Вестминстерската палата се движи човек, каде веднаш биле испратени пожарникарни и медицински возила. Мажот бил уапсен денеска во раните утрински часови.

Покривот на Парламентот и претходно бил место на опасни каскадерски подвизи од страна на демонстранти, како на пример противниците на изградбата на трета писта на аеродромот Хитроу во 2008 година и активисти на Гринпис во 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top