| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Клуни избран за „Маж со најмногу стил“

kluni

Џорџ Клуни го победи бившиот Џејмс Бонд и колегата Шон Конери, кој се најде на второто место на листата на „Мажи со најмногу стил“. Зад Клуни се  и познатите холивудски легенди Кери Грант, Елвис Присли и Френк Синатра кои се најдоа во топ 5 најстилизирани мажи.

Во првите десет се најдоа и Вил Смит, Бред Пит и Џони Деп. Уште еден Џејмс Бонд , Пирс Броснан и Мајкл Џексон ги зазедоа осмото и деветтото место.

На прашањето што е тоа што ги прави мажите со стил, Сандро Роко, маркетинг менаџер на компанијата која го спроведе ова истажување, одговори дека во прашање е нешто многу повеќе од облеката.

-Кога ќе видиме дека машките познати личности изгледаат добро на црвениот тепих тоа не е одраз само на нивниот стил на облекување. Тие имаат самодоверба и добро се чувствуваат во својата кожа и истото го проектираат со својот став – заклучува Роко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top